Еден вардарец во ТOП 5 играчи со топ во раката, со нив голманите ќе си имаат проблеми на ЕП

На секое првенство се појавуваат нови ѕвезди, но на секое се појавуваат и нови играчи кои располагаат со неверојатни шутеви. Секогаш има нови „бомбардери“ кои можат со својот шут да ја „скинат“ мрежата, а познато е кои се петмината со најсилниот шут досега.

Од нив проблеми ќе има секој голман на Европското првенство така што нема да им биде воопшто лесно и ќе мора да бидат максимално внимателни.

Еден од овие играчи игра за екипата на Вардар, тројца се од Барселона, а еден од Рајн Некар.

ЛАСЕ АНДЕРСОН (ДАНСКА)

Ѕвездата на репрезентацијата на Данска несомнено е Микел хансен. Сепак, ракометарот кој веќе има 32 години добива вистинска конкуренција во репрезентацијата, но и соиграчи со кои секогаш може да се направи повеќе.

Играчот на Барселона, Ласе Андерсон е еден од играчите кои располагаат и со најсилен шут. Во јуни на средбата против Келце на Ф4 турнирот во Келн беа измерени 140 км/ч при неговиот шут со што е број 1 на оваа листа.

ДАИНИС КРИСТОПАНС (ЛЕТОНИЈА)

Највисокиот ракометар во Лигата на шампионите, но и играчот кој ќе биде највисок на следното Европско првенство, Летонецот Даини Кристопанс исто така располага со силен шут.

И кај него беше измерена неверојатна брзина на последниот Ф4 турнир во Келн. Тој упати удар со 130 км/ч со што го има второто место на Листата на најбрзи шутеви. Оттаму голманите на Шпанија, Германија и Холандија ќе мораат да внимаваат.

РАУЛ ЕНТРЕРИОС (ШПАНИЈА)

Ветеранот од редовите на „црвената фурија“, Раул Ентрериос пред две години на Ф4 турнирот во Келн имаше еден од најбрзите шутеви откако неговиот удар беше со брзина од 128,3 км/ч.

Тој има веќе 38 години, но и понатаму е важен дел од репрезентацијата, па се очекува и на ова европско првенство да добие шанса.

РОМЕН ЛАГАРД (ФРАНЦИЈА)

Во своите редови репрезентацијата на Франција има голем број на одлични бекови како Карабатиќ, Ремили, Мем, Ричардсон… Сите имаат моќни шутеви со кои можат да го разнесат противничкиот гол.

Сепак, Ромен Лагард е играчот кој шутираше со брзина од 133,2 км/ч и тоа на Ф4 турнирот во Келн. Сезонава во Бундес лигата во дресот на Рајн Некар неговите шутеви многу често беа над 130 км/ч.

АРОН ПАЛМАРСОН (ИСЛАНД)

Еден од најдобрите бекови на денешницата кој е член на Барселона покрај тоа што располага со одлична креативност во играта е и одличен шутер.

Најбзиот шут кој му беше измерен на последниот Ф4 турнир во Келн му беше 132 км/ч и тоа на средбата против екипата на Келце.