Еден актуелен и тројца поранешни вардарци ќе ги бранат боите на Србија

Десниот бек на Вардар, кој е меѓу поискусните играчи од Србија, Марко Вујин се враќа во репрезентацијата за ноемвриските квалификациски натпревари. Вујин доби повик од страна на селекторот Тони Герона и ќе биде дел на средбите од квалификациите за ЕП 2022.

Покрај Вујин повик имаше за уште тројца поранешни членови на Вардар и еден на Металург. Во составот се најдоа голманот Дејан Милосављев, пивотот Мијајло Марсениќ и главниот дефанзивец Илија Абутовиќ. Тука е и левото крило кое некогаш беше дел од Металург, Вања Илиќ.

Ти се најдоа на скратениот список на Герона, додека уште двајца поранешни членови на Металург добија место кај резервите. Таму се најдоа левиот бек Немања Обрадовиќ и десното крило Дарко Ѓукиќ

Србија на 4 ноември игра против селекцијата на Грција, а потоа и гостува на репрезентацијата на Белгија три дена подоцна.

 

СОСТАВ НА СРБИЈА

ГОЛМАНИ: Дејан Милосављев (Фуксе Берлин, Германија), Тодор Јандриќ (ППД Загреб, Хрватска), Владимир Цупара (Веспрем, Унгарија).

ЛЕВИ КРИЛА: Немања Илиќ (Тулуз, Франција), Вања Илиќ (Шарт, Франција).

ДЕСНИ КРИЛА: Вукашин Воркапиќ (Металопластика, Србија), Богдан Радивојевиќ (Пик Сегед, Унгарија).

БЕКОВИ: Илија Абутовиќ (Рајн Некар, Германија), Миљан Пушица (Минден, Германија), Петар Ѓорѓиќ, Лазар Кукиќ (Бенфика, Португалија), Алекса Колаковиќ (Ст. Рафаел, Франција), Петар Ненадиќ (Веспрем, Унгарија), Немања Зеленовиќ (Гепинген, Германија), Марко Вујин (Вардар), Јовица Николиќ (Војводина).

ПИВОТИ: Мијајло Марсениќ (Фуксе Берлин, Германија), Живан Пешиќ (Нексе, Хрватска).