Европскиот шампион последен го завршува летниот распуст

Иако поголемиот дел од ракометните екипи веќе ќе бидат во втората фаза од летните подготовки и ќе играат натпревари, европскиот шампион Барселона реши подоцна од сите да стартува со тренинзи.

Каталонскиот гигант ќе ги започне подготовките за новата сезона дури на 8 август и ќе има околу три недели за тренинзи и пријателски средби.

Тренерот Ортега ќе ги собере играчите на 8 август, по што ќе имаат мини подготовки во Андора, пред да го одиграат првиот пријателски натпревар со Уеска.

По 20 август Барса ја чекаат уште две средби, а на 26 август европскиот првак ќе се бори за трофејот во Суперкупот на Каталонија. Првото коло од Асобал лигата ќе се игра на 3/4 септември, а првото коло во ЛШ на 14/15 септември.