Европскиот шампион направи принудна замена во ростерот

Соиграчот на Кире Лазаров од францускиот Нант, Давид Балагер, нема да настапи за европскиот шампион Шпанија на Европското првенство, откако не успеа да ја залечи повредата на време пред стартот на континенталниот собир.

Десното крило на Нант ќе биде заменет со ракометарот на Барселона, Алеиш Гомез, кој веќе им се приклучи на соиграчите на подготовките во Торевелага. Рибера на десната крилна позиција го има на располагање  и Феран Соле од францускиот Тулуз.

Шпанија ќе игра во групата Ц во норвешкиот Трондхајм, заедно со селекциите на Германија, Холандија и Летонија.