Европскиот првак мисли на иднината – Васил Гогов останува во Вардар до 2022 година!

Европскиот шампион Вардар покажа дека мисли на својата иднина откако ги продолжи договорите со голем број од младите ракометари што веќе добиваа шанса.

Последен во низата е голманот Васил Гогов, кој потпиша договор на две сезони и ќе остане во „црвено-црниот“ тим до 2022 година.

Тој лани играше за Вардар Јуниор, а за првиот тим добиваше шанса и во СЕХА лига и во Лигата на шампионите.

Претходно од младите ракометари, договорите ги продолжија Ќосевски, Карапалевски, Крстевски, Кизиќ, Атанасовски и Гашовски.