Европскиот првак конечно заигра како што треба: Ѓер славеше над Будуќност

Ракометарките на Ѓер по две слаби партии против Шиофок во унгарскиот шампионат и против францускиот Брест во Лигата на шампионите, конечно забележаа победа.

Европскиот шампион на домашен терен беше подобар од незгодниот црногорски првак Будуќност полн со поранешни вардарки и славеше со 26-24.

Во првиот дел се играше гол за гол до 8-8, а во финишот на првиот дел домаќинките се одлепија и направија солидна залиха од три гола, 15-12.

На десетина минути пред крајот беше пет голови разлика за Ѓер, 25-20, но Радичевиќ и Лазовиќ намалија на 25-23.

Избраничките на Драган Аџиќ направија две грешки во нападот и не успеаја да го направат завршниот чекор за камбек. Куртовиќ казни со гол за 26-24, а Јауковиќ даде гол за конечни 26-24.

На табелата Ѓер остана на првата позиција со 11 бодови, додека Будуќност е трет со шест бодови.