Европскиот првак донесе нов пикер: Патрик Валчак потпиша за Вардар!

Европскиот шампион Вардар ќе има нов кружен напаѓач во ростерот за следната сезона. Станува збор за полскиот репрезентативен пикер Патрик Валчак, кој досега играше во Втората Бундес лига за тимот на Либек.

„Црвено-црните“ ќе ги имаат на располагање Стојанче Стоилов и Глеб Калараш, како и младите Давид Гашовски и Стефан Атанасовски, а си заминаа Домен Сикошек Пелко и Сергеј Горпишин.

Валчак кариерата ја започна во Гдањск, а настапуваше и за Погон Шчечин и Келце. Од Келце една сезона беше позајмен на францускиот Маси од каде што замина за Германија. Во дресот на полската репрезентација има одиграно 39 средби, а постигнато 27 погодоци.

Покрај Валчак, во Вардар досега дојдоа Талески, Кантегрел, Георгиевски, Векиќ, Гаџа, Јагуриновски и Вујин.