Европскиот првак го официјализираше Полјакот: Валчак две години во Вардар! (ФОТО)

Европскиот шампион Вардар денеска го официјализираше и најновото засилување на пикерската позиција, полскиот репрезентативец Патрик Валчак.

Тој потпиша договор на две сезони со „црвено-црниот“ тим, а во Скопје доаѓа од германскиот Либек.

27-годишниот Валчак игра во двата правци, но посебна специјалност му е играта во одбрана. Во Вардар ќе го носи дресот со број 7.

Во дресот на полската репрезентација има одиграно 39 средби, а постигнато 27 погодоци.

Покрај Валчак, во Вардар друштво на линијата ќе му прават Стојанче Стоилов и Глеб Калараш.