Душебаев: Порто го има неверојатниот Митревски кој прави чуда на голот

Еден од двата натпревари што ќе се одиграат вечерва во Лигата на шампионите е двобојот меѓу Порто и Келце.

Полскиот шампион отпатува во Порто по триумфот над ПСЖ и со голема самодоверба влегува во натпреварот.

Тренерот Талант Душебаев со комплименти говореше за ривалот и особено за македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, кој брани феноменално на стартот на новата сезона.

„Нашиот ривал играше во финалето на Купот на ЕХФ пред две сезони и тоа доволно зборува за нивната моќ. Магнус Андерсон прави одлични нешта во Порто. Имаат одлична бековска линија, подготвени играчи што може да се борат против секој тим. На голот Митревски прави чуда, а Порто има искусни играчи како Шпат и Слишковиќ. Ако игравме дома, ќе бевме фаворити, на гости ни е малку потешко“, вели Душебаев за полскиот ракометен портал „Handball News“.

Наптреварот меѓу Порто и Келце се игра вечерва во „Драгао Арена“ со почеток во 20:45 часот.