Душебаев: Знам колку му е тешко на Вардар, ние имавме предност што немаше публика!

Полскиот шампион Келце по пет години забележа победа во Лигата на шампионите на гостување во Скопје кај Вардар.

Тренерот Талатн Душебаев изјави дека знае колку му е тешко на стратегот Стевче Алушовски да ги подготви вардарци, со оглед на тоа што имаат одиграно само три меча за три месеци.

„Голем респект за Вардар, мислам дека е многу тешко да играат само три меча за три месеци. Ние победивме по пет години во Скопје, во ова време никој не знае што ќе се случува утре, можам да кажам дека сум многу среќен што победивме, и се надевам ќе се врти наскоро времето, кога играмве пред полни сали. Чудно е што игравме пред празни трибини, и можеби поради тоа беше полесно за нас на овој натпревар“, вели Душебаев.

Следната недела овие две екипи повторно ќе се соочат во елитното натпреварување, но сега во салата „Легионово“.

Столе со специјалитет изненадување за Вулф (ВИДЕО)

Вардар немаше сили, капитулираше пред залетаниот Келце (ФОТО)

Алушовски: Келце ги казнуваше нашите грешки, немавме решение за Душебаев

Чупиќ: Со неколку добри минути не се добиваат натпревар против врвни екипи!

Вардар тргна фуриозно, но Келце си ги спакува и си замина со бодовите (ФОТОГАЛЕРИЈА)