Алушовски: Келце ги казнуваше нашите грешки, немавме решение за Душебаев

Ракометарите на Вардар загубија првпат оваа сезона во Лигата на шампионите на домашен терен. По триумфот над Фленсбург и ремито со Порто, вардарци беа поразени од Келце со 29-33.

Тренерот Стевче Алушовски смета дека гостинот ги казнувал грешките на неговите ракометари и тоа било клучно за победата.

„Честитки за Келце за победата. Тие одиграа врвна партија, сето тоа што ние го погрешивме во напад, тие го казнија, Во првиот дел имавме проблем во играта во напад и имавме негатива на пауза. Во вториот дел успеавме да се вратиме, поведовме еден разлика, имав шест на четири која не ја искористивме. Тоа екипа како Келце знае да го казни и на крајот беа подобар тим и во реализација и во играта во напад. Немавме решение за играта на Алекс Душебаев. Сакам на моите момци да им честитрам за залагањето како на овој дуел, така и на сите тренинзи. Се надевам дека ќе бидеме подобри на следниот меч во Келце“, вели Алушовски.

Следен предизвик за вардарци ќе биде гостувањето кај полскиот првак на 25 ноември во натпревар од 9. коло во елитното натпреварување.

Столе со специјалитет изненадување за Вулф (ВИДЕО)

Вардар немаше сили, капитулираше пред залетаниот Келце (ФОТО)

Чупиќ: Со неколку добри минути не се добиваат натпревар против врвни екипи!

Душебаев: Знам колку му е тешко на Вардар, ние имавме предност што немаше публика!

Вардар тргна фуриозно, но Келце си ги спакува и си замина со бодовите (ФОТОГАЛЕРИЈА)