Дури и Кањељас му честиташе: Како Митревски го запре зицерот на Шпанецот (ВИДЕО)

Неверојатен беше македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски во “мечот на неделата” во Лигата на шампионите, а со 15. интервенции и повеќе од заслужено дојде и до статусот на “играч на мечот”, во кој Порто со 25:19 го победи Пик Сегед.

Секоја одбрана на популарниот Никуч беше пречекана со поздрави и честитки од клупата и од соиграчите, но во средината на вториот дел од мечот тој ја имаше и “одбраната на неделата”.

Митревски во лет го запре зицерот на Жоан Кањељас, кој се обиде од позицијата на пикер да постигне гол, но не успеја.

Дури и Шпанецот му честиташе на Митревски за одбраната, додека стратег на клупата на Пик Сегед, Пастор, со рацете на главата се обидуваше да го прифати сето тоа.