Дукоска го наполни голот на Иран и доби признание МВП!

Женската кадетска репрезентација на Македонија со максимални три победи ја заврши групната фаза на Светското првенство, откако славеше и над Иран со убедливи 31-19.

Теодора Дукоска беше најдобар стрелец со шест погодоци во нашата репрезентација и беше прогласена за МВП на мечот со Иран.

По четири гола дадоа Младеновска, Борјана Коцева, Ризоска и Јанкуловска, додека одлична на голот беше Чурлиновска.

Нашите ракометарки ќе пренесат два бода во главната рунда, каде што ќе се сооочат со Шведска и Исланд на 3, односно 5 август.