Дувњак: Селекторот ја има нашата поддршка!

Хрватската ракометна јавност со нетрпение го очекува расплетот на приказната кој ќе биде новиот селектор на националниот тим.

Капитенот на Хрватска, Домагој Дувњак, кој смета дека Светското првенство не беше успешно, ако се земе фактот дека четвртфиналето остана само сон, а најверојатно едвај ќе бидат изборени и европските квалификации.

Дувњак вели дека актуелниот селектор ја има поддршката од целата репрезентација како и секој претходен селектор.

,,Селекторот Хрвоје Хорват има поддршка од репрезентацијата како и секој поранешен и иден селектор. Ние сме ракометари, ќе видиме што ќе одлучи Ракометниот сојуз на Хрватска и ќе ја прифатиме секоја одлука која што ќе биде донесена”, изјави Дувњак за хрватскот портал „Спортске новости“ .

Хрватска на Светското првенство во Полска и Шведска заврши на 9. позиција, откако не успеа да се пласира во четвртфиналето.