Дувњак: Во моментов не е за играње, не е тоа најважно

Капитенот на репрезентацијата на Хрватска и лидер во тимот на Кил, Домагој Дувњак се огласи со свои коментари во хрватските медиуми. Вели дека немаат посебен режим во екипата и дека сите очекуваат сета ситуација да се смири и конечно да почнат да се враќаат во нормала.

„Сите сме во своите домови. Нема мрдање, така е како е и нема што да правиме друго. Мораме да бидеме внимателни. Кај нас во клубот нема проблеми, но во 60 навивачи се под контрола поради сомнеж, а во Кил официјално има 12 заразени. Флензбург помина многу лошо, имаше дружење со навивачите поради што сите завршија во карантин. Татко на едно од децата имал Корона и се чини дека и Гландорф е заразен“, вели Дувњак.

Тој вели дека е оптимист и дека со нетрпение очекува ситуацијата да се поправи.

„Кинезите полека ја ставаат заразатапод контрола и се надевам дека и ние ќе тргнеме по тој пат. Треба да се биде внимателен, во моментов не е за играње, не е тоа најважно“, коментира Дувњак.

Инаку, првенството во Германија е на пауза до 22 април, но постои можност за неколку други сценарија така што останува да се види како ќе течат работите.