Дрим-тимот на Алборг доби ново засилување за следната сезона

Швеѓанецот Андреас Флодман, кој од 2018 година настапува за екипата на Колдинг од Данска, од следната сезона ќе биде новиот ракометар во редовите на Алборг.

Искусното десно крило со Алборг се договори на двегодишна соработка. Тој во данската екипа ќе биде замена за неговиот сонародник, Јонас Самуелсон. На крајот од сезоната, Самуелсон заминува во Сковде.

Флодман во својата кариера настапуваше и за екипите од Шведска, Алингсас и Ескилстуна Гуиф. Со неговото доаѓање во Алборг се зголеми бројот на ракометари од Шведска во данскиот шампион и конкуренцијата на неговата позиција, десно крило.

Во Алборг својата минутажа на терен ќе ја дели со репрезентативецот на Норвешка, Кристијан Бјорнсен. Не е исклучена можноста пред стартот на новата сезона да биде ангажирано уште едно десно крило во данскиот тим.

Во Алборг следната сезона ќе пристигне звездата на светскиот ракомет, Микел Хансен и големата надеж на данскиот ракомет, Мадс Хоксер.