Дрим-тимот Колстад се засили со уште двајца нови ракометари

Екипата од Норвешка, Колстад, која полека го креира својот дрим-тим, ги објави новите засилувања. Двајцата репрезентативци на Норвешка, Горан Согард Јоханесен и Ветле Ек Ага беа официјално претставени.

Во норвешката екипа, Јоханесен ќе се придружи од сезона 2023/24 и ќе остане четири сезони, додека Ветле Ек Ага ќе се приклучи уште од почетокот на следната сезона. Договорот на Ветле Ек Ага е на три сезони.

Јоханесон, кој игра на позиција среден и лев бек, моментално настапува во Бундес лигата и го носи дресот на поранешниот освојувач од Лигата на шампионите, Фленсбург. Тој претходно настапуваше и за екипите од Данска, ГОГ Гудме и Виборг.

Ветле Ек Ага, исто така настапува на позицијата среден бек. Со екипата на Савехоф имаше одлични настапи во шампионатот на Шведска и Лига на Европа. Двајцата ракометари ќе бидат огромно засилување во амбициозната екипа од Норвешка.

Колстад за следната сезона ги ангажираше и голманот Торбјорн Бергеруд од ГОГ Гудме, десното крило Сигвалди Гудјонсен од Келце, пикерот Магнус Гулеруд од Магдебург и средниот бек Јанус Смарасон од Гепинген.

Во сезона 2023/24 во Колстад ќе пристигне и еден од најдобрите ракометари на светот, Сандер Сагосен, како и неговиот колега од норвешката репрезентација,  Магнус Род.

Со новиот профил на ракометари, дефинитивно екипата на Колстад ќе има добар тим за настап на европска сцена. Во шампионатот на Норвешка, Колстад се наоѓа на 6. позиција на табелата, но има големи шанси да обезбеди пласман меѓу првите четири екипи.