Дресот со кој Кристопанс „кинеше мрежи“ во Вардар, на аукција

Ракометарот кој пред две недели ги напушти редовите на Вардар и се пресели во составот на Фуксе Берлин, Даинис Кристопанс ќе биде дел од хуманитарна ауција, а тоа ќе го направи со дресот во кој настапуваше во редовите на Вардар.

Дресот со број 10 со кој ги „кинеше мрежите“ на противниците ќе се најде на интернет аукција која ќе биде со цел да се помонг на малиот Алекс.

Почетокот на аукцијата ќе биде со 50 евра, а наддавањето ќе трае до 14 март.

За оваа аукција повеќе информации можете да најдете на следниот ЛИНК на Фејсбук.