Драчево два пати тестираше со младинската репрезентација на Чиле

Тимот на Драчево, кој имаше одлични настапи оваа сезона во прволигашка конкуренција, се уште е активен на терените.

Избраниците на Велимир Настески одиграа две пријателски средби со младинската репрезентација на Чиле.

Јужноамериканците се наоѓаат на подготовките за Пан Американските игри во Македонија и тука играат контролни натпревари.

На првиот меч со Драчево, Чиле победи само со еден гол разлика, иако драчевци имаа шанса и за поволен резултат, 24-23, додека на вториот меч избраниците на Матео Гаралда беа подобри со 33-29.