ДРАМА во финишот – Монпелје и ПИК Сегед ги поделија бодовите

Ракометарите на Монпелје и ПИК Сегед одиграа супер интересен и драматичен натпревар во првото коло од Лигата на шампионите кој на крај заврши без победник и поделба на бодовите 29:29.

Гостите имаа силен старт и натпреварот го отворија со 1:6 и рутински одржуваа предност во продолжението. Монпелје за првпат стигна до израмнување во 24. минута кога Гудмундсон погоди за 11:11. До полувремето се играше гол за гол и ПИК Сегед замина на одмор со предност од еден гол 14:15.

Второто полувреме беше многу неизвесно и возбудливо, екипите постојано го менуваа водството и ниту една немаше поголема предност од два гола. На четири минути до крај Монпелје поведе со 29:26 и беше на чекор до триумф, сепак во финишот гостите израмнија. Двете екипи имаа напади за победа но не реализираа.

Во тимот на Монпелје седум ракометари постигнаа по три погодоци, Деска, Пелас, Валиниус, Гудмундсон, Дуарте, Валиниус и Паниќ. Додека составот на ПИК Сегед го предводеше Фримел со осум гола, Радивојевиќ погоди петпати.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140