ДРАМА во Кил – Дуелот на гигантите заврши со поделба на пленот!

Во натпреварот на неделата во Лигата на шампионите екипите на Кил и Веспрем одиграа вистински дерби дуел. После голема борба и неизвесност на крајот натпреварот заврши без победник 31:31.

Натпреварот започна во високо темпо, се играше многу брзо и ефикасно на двете страни. Веспрем го имаше почетното водство, поведе 3:1 и 4:2 но во продолжение беше максимално израмнето со менување на водството.

Иако без четири важни играчи, Коралес, Мае, Лекаи и Благотиншек, Веспрем успеа по првиод дел да обезбеди предност во завршницата на полувремето. По 30 минути игра резултатот беше 18:20.

И во продолжението на натпреварот се играше на високо ниво. До 45. минута при резултат 25:25 Веспрем одржуваше предност, но потоа Кил го презема водството и во 55. минута го имаше највсокото водство на натпреварот 31:27. Манасков постигна два брзи гола, а потоа и Маргуч и Борозан за 31:31 што на крајот беше и конечен резултат.

Веспрем имаше напад во последните 30 секунди за победа но Јахија промаши, останаа неколку секунди за Кил но Цупара го одбрани ударот на Рајнкинд од длечина. Најефикасен во Кил беше Сагосен со девет гола, а Екберг постигна седум. Во тимиот на Веспрем, Манасков постигна три гола од три обида а најефикасен беше Ненадиќ со пет гола.

Во вториот натпревар, Целје беше домаќин на Мотор Запорожје и беше поразен во неизвесна завршница со 31:32. Мотор го презема водството во завршните минути од првиот дел и на полувреме имаше предност 17:14. Во вториот дел постојано беше предноста на страна на гостите, Целје имаше шанса во завршницата да избегне пораз но не успеа.