„Дојдовме во Веспрем да дадеме максимум – имаше грешки, но имаше и добри работи“

Вардар со реми, 31-31, кај унгарскиот Веспрем се збогува од Лигата на шампионите и ги заврши европските настапи оваа сезона.

Капитенот Стојанче Стоилов вели дека тешко е да се игра натпревар, по така висок пораз на првата средба.

„Честитки за Веспрем за местото во четвртифиналето. Сакам да се заблагодарам на нашите навивачи кои дојдоа тука и покрај нашиот пораз во Скопје. Изгубивме осум гола во Скопје, дојдовме овде со желба за победа, да се бориме и да го прикажеме најдоброто од нас. Се надевам дека успеавме да го направиме тоа, имаше грешки, но имаше и добри моменти. Имавме добри голмани. Не е лесно вака да се одигра натпревар, посебно кога ќе загубиш со осум гола на домашен терен. Овој резултат може да биде чекор напред за нас, и сега има тешка задача во домашниот шампионат“, изјави Стоилов.

За Вардар сега останува да се посвети на домашните обврски и битките за титулата во Суперлигата и во Купот на Македонија.