„Доста е еден бубрег што ми откажа, од овој меч можеше и срцето!“ (ФОТО)

Големата победа на Хрватска по 80 минути над Норвешка во полуфиналето на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска ја фрли во транс цела нација.

Познати фаци, спортисти, ракометни работници…се огласуваат на социјалните мрежи со честитки за ракометарите.

Интересна објава на Инстаграм имаше Иван Класниќ, некогашниот фудбалски репрезентативец на Хрватска.

Познати се неговите проблеми со бубрезите по што мораше предвреме да ја заврши кариерата.

„Доста е што бубрегот ми откажа, по овој меч можеше и срцето“ се пошегува Класниќ.