Доминација на Данска, лесни бодови и трасирање на пат за елиминации

Бранителот на титулата, Данска имаше уште едно сигурно издание на Светското првенство и продолжува да чекори кон одбрана на пехарот откако денеска во првото коло од групата 2 во главната рунда, беше обезбедена победа над селекцијата на Катар со 32:23.

Репрезентативците на Катар добро се држеа против фаворитот само во почетните десетина минути. Откако Данска го презема водството и имаше предност од 2-3 разлика и без поголеми проблеми го контролираше натпреварот во продолжение.

При резултат 11:9, Данците имаа уште еден одличен период во кој со четири гола се одалечија на високи шест гола и направија недостижна предност која се покажа доволна за конечен триумф. Хансен со гол од слободен удар по истакот на времето го постави резултатот на полувремето од 17:12.

И во продолжението една екипа доминираше на теренот, а разликата постојано растеше. Катарците немаа одговор на играта на Данска. Уште на почетокот Данска зголеми на 23:13 и до крајот одигра рутински за лесна победа и нови бодови.

Со оваа победа Данска има максимални шест бода во главната фаза и значително се доближи до пласман во четврт-финалето. Данците в сабота играат против Јапонија, а в понеделник го имаат дербито со Хрватска. Катарците после овој пораз остануваат на два бода.

21 јануари 2021
32 - 23
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
21 јануари 2021 22:12 СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2020/2021 21.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ДАНСКА1732Победа
КАТАР1223Пораз

ДАНСКА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Никлас Ландинголман00
4Магнус Ландинлево крило03
5Магнус Браминглево крило04
14Андерс Захаријасенпивот00
15Магнус Саугструп Јенсенпивот01
17Ласе Свандесно крило04
20Кевин Мелерголман00
21Хенрик Мелгард Јенсенцентрален бек10
22Мадс Менсах Ларсенлев бек11
24Микел Хансенлев бек08
25Мортен Тофт Олсенцентрален бек00
26Јохан Хансендесно крило00
28Ласе Андерсонлев бек00
31Николај Орис Нилсендесен бек00
33Матијас Гидселдесен бек06
34Симон Халд Јенсенпивот25
 Вкупно 432

КАТАР

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Мухамед Сусиголман00
2Мустафа Алкраддесен бек00
4Хасан Мабрукпивот00
7Ахмад Мададилево крило00
10Франкис Марцодесен бек212
13Мохамед Абидиголман00
19Марван Сасидесно крило10
20Јово Дамјановиќпивот00
23Алаедин Берахеддесно крило00
33Хусем Романцентрален бек02
37Јасине Самипивот11
41Јусеф Алипивот13
44Амине Гуехисдесен бек00
81Амор Џијаблево крило00
86Махмуд Хасабалацентрален бек11
94Амен Закардесен бек14
 Вкупно 723

Officials

Судии:
Иван Павичевиќ -Црна Гора
Милош Ражњатовиќ -Црна Гора
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ШВЕДСКА550010
2ИСЛАНД53026
3ПОРТУГАЛИЈА51133
4БРАЗИЛ51133
5ЗЕЛЕН 'РТ51042