Petar TOPIC (03), Adrián SIPOS (02), Richard BODO (39) and Patrik LIGETVÁRI (11) during the handball match Iceland vs Hungary, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Budapest ,Hungary, 18.01.2021, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Домаќинот отпадна од ЕП, селекторот вели: Немаме срам, зневме дека ќе биде силно ЕП

Еден од домаќините на Европското првенство 2022, Унгарија, ги разочара своите навивачи бидејќи доживеа фијаско на свој терен и елиминација во раната фаза на континенталниот собир.

Унгарците не се покажаа во најдобро светло и на сите три натпревари од својата група одиграа под своето ниво.

Селекторот на Унгарија, Иштван Гулјаш по натпреварот со Исланд даде краток коментар за играта против Исланѓаните, но и свое мислење за брзата елиминација од Европското првенство.

„Честитки за репрезентацијата на Исланд. Можевме да видиме еден израмнет натпревар. Не бевме задоволни од одбраната во првото полувреме, многу тешко се справувавме во овој дуел. И покрај тоа што бевме елиминирани толку рано, немаме срам. Знаевме дека ќе има силно Европско првенство. Не можеме да бидеме лути на ниту еден од нашите играчи. Она што го предвидувавме за да го трансформираме и подмладиме тимот го остваривме“, изјави Гулјаш.

Унгарија на Европското првенство забележа победа против Португалија, а во натпреварите против Холандија и Исланд доживеа пораз.