Домаќините перфектни: Црна Гора без мака против Косово, Исланд немаше милост за Литванија

Во натпреварите од првото квалификациско коло за Европското првенство 2022 година домашните екипи имаа перфектни изданија и сите забележаа победи. Убедливи победи остварија Црна Гора, Португалија и Исланд, додека Холандија и Австрија мораа добро да се испотат за првите бодови во квалификациите.

Холандија на свој терен беше подобра од Турција со минимални 27:26, иако гостите на полувреме имаа предност од 10:14. Сепак, во неизвесна завршница Холандија ја оствари првата победа.

Австријците дури во вториот дел го скршија отпотор на Естонија, првиот дел заврши нерешено, 16:16. Во продолжението Австрија стигна до рано водство од три гола и успешно го одржа до крај. Црна Гора имаше лесна задача против Косово, по 30 минути игра беше 16:14, но во продолжението Црногорците рутински стигнаа до победа.

Португалија немаше многу проблеми да го совлада Израел со 31:22 иако по првиот дел беше само 14:12. Исланд на домашен терен ја декласираше репрезентацијата на Литванија со 36:20.

Квалификации за ЕП 2022, 1. коло, резултати:

Холандија – Турција 27:26 (10:14)
Австрија – Естонија 31:28 (16:16)
Црна Гора – Косово 32:25 (16:14)
Португалија – Израел 31:22 (14:12)
Исланд – Литванија 36:20 (19:10)