Додиќ: Освојував трофеи во Македонија и Хрватска, сакам и во Словенија

Српскиот репрезентативец Стефан Додиќ во новата сезона ќе има нов голем предизвик во кариерата.

По настапите за Металург, Охрид и Вардар во Македонија, како и Загреб во Хрватска, Додиќ ќе настапува за словенечкиот великан Целје.

Тој посакува да освои трофеи и со словенечкиот тим.

„Подготовките течат одлично. Се е супер. Станав дел од организиран клуб. Ме привлече младоста на тимот и желбата за минутажа, која е многу важна за млад играч како мене. Во минатото играв за Металург, Охрид, Вардар и Загреб. Имам трофеи и во Македонија и во Хрватска, се надевам дека и во Словенија. Среќен сум што и мојата девојка ќе игра за Целје, а тоа ќе биде уште една олеснителна околност за мене. Се надевам дека здравјето ќе не служи во текот на целата сезона и повредите ќе не одминат“, изјави Додиќ.

Додиќ и Целје ќе бидат дел од ТВ турнирот на шампионите во Добој, па ќе има шанси да ги покаже своите квалитети против сите балкански прваци, плус Монпелје, Барса и Ал Ахли.