Додиќ најдобар млад ракометар во Србија за 2022

Ракометарот, кој како играч се афирмираше во Металург и кој играше во редовите на Охрид и Вардар, Стефан Додиќ беше прогласен за најдобар млад ракометар во Србија за 2022 година.

Додиќ заедно со репрезентацијата на Србија го освои бронзениот медал на Европското младинско првенство за ракометари до 20 години, кое се одржуваше во Португалија. Членот на Загреб на младинскиот континентален собир беше најкорисен играч, односно МВП.

Челниците на Ракометниот сојуз на Србија ги избраа најдобрите и во останатите категории, па така за најдобра млада ракометарка беше избрана Наташа Четковиќ, наградата за најдобар ракометар во 2022 му припадна на членот на Динамо Букурешт, Лазар Кукиќ, додека наградата за најдобра ракометарка заврши во рацете на Катарина Бојачиќ. За тренер на година е избран селекторот на младинската репрезентација на Србија, Ѓорѓе Теодоровиќ.

И женската и машката сениорска репрезентација на Србија добија награди за достигнувања во тековната година, предводени од селекторите Урош Брегар и Тони Херона.