Додека кај нас се уште е неизвесно: Црногорците решија кога ќе ја почнат новата сезона

Со оглед на тоа како се развива ситуацијата со коронавирусот во Македонија, можеби нема да гледаме елитен спорт во септември и октомври.

Додека кај нас се уште е неизвесно кога ќе може да се врати спортот на терените, Црногорската федерација веќе ги одреди датумите за старт на првенствата.

Според календарот, Првата лига за мажи ќе почне на 26 септември и ќе се игра до 30 мај, а зимската пауза ќе трае од 20 декември до 13 февруари.

Кај дамите, лига ќе почне на 17 октомври, а ќе заврши на 22 мај со вториот натпревар од плеј-офот за титулата.

Пред стартот на новата сезона ќе се одигра и завршницата на Купот на Црна Гора во двете конкуренции, на 19 и 20 септември.