Добро познат и трофеен тренер кандидат за нов селектор на Србија

Откако вчера беше кренато многу прав околу селекторот на Србија, Љубомир Обрадовиќ, вече е јасно и кој ќе биде негов наследник на оваа позиција. До разделба сигурно доаѓа, а Ракометниот сојуз на Србија наследникот на Обрадовиќ го гледа во поранешниот тренер и поранешниот селектор на Црна Гора, Драган Аџиќ.

Црногорецот беше на клупата на репрезентацијата на својата земја до 2017 година, а Будуќност го водеше до ноември во 2020 одина кога поднесе оставка.

Пред извесно време го поврзаа и со тимот на Кастамону како наследник на Хеле Томсен, па можно е во кратко време да си најде и клупски и репрезентативен ангажман и одново да биде активен на двете полиња.

Аџиќ е еден од потрофејните трениери. Тој со Будуќност беше неприкосновен во шампионатот на Црна Гора. Во 2010 година го освои КПК, а во 2012 и 2015 година победуваше во Лигата на шампионите.

Кандидат за селектор на Србија беше и во 2015 година, но тогаш не дојде до договор. Сега се чини дека 51-годишниот стратег ќе се најде на клупата на репрезентацијата која пред неколку дена не успеа да обезбеди пласман на Олимписките игри во Токио.