Добри игри носат номинации: Десподовска во трка и за играч на месецот во Полска

Интернационалката од Македонија во првенството на Полска, Зорица Десподовска после двете номинации за играч на колото во Супер лигата на оваа земја доби нова, а таа се однесува за играч на месецот октомври.

Десподовска имаше одлични партии за својот тим, а тоа ја донесе во ситуација да може да се бори за играч на колото во два наврати. Во последното коло таа беше и избрана за најдобра ракометарка после гласањето на Фејсбук.

Сега Десподовска е во нова номинација и до петок во ново гласање и заедно со уште две ракометарки е во трка за играч на октомври, а веќе се наоѓа во убедлива предност во однос на конкурентките.

Се работи за Ана Мачка и Адријана Горна, но очигледно дека Десподовска има убедливо најмногу приврзаници.