Добри вести за навивачите – Бесплатен влез за дуелот Вардар – Еурофарм Пелистер

Натпреварот од 4. коло од Супер машката лига на кој ќе се сретнат екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер навивачите ќе можат да го следат без влезници. Одлуката е влезот да биде бесплатен така што в недела од 18 часот фановите ќе можат да се најдат на трибините во СЦ „Јане Сандански“.

Сепак, и за оваа средба важи истиот протокол така што на трибините во салата во која ќе се игра дерби натпреварот ќе можат да се најдат само оние гледачи кои на влезот ќе покажат дека имаат:

* сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот
SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната
болест КОВИД-19 или

*сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи
од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

Без соодветен сертификат/потврда нема да може да влезете во салата.

Овој дуел ќе биде воедно најава за натпреварот против Алборг в среда од Лигата на шампионите. Инаку, Вардар и Еурофарм Пелистер на почетокот на оваа сезона одиграа две средби. Тимот од Битола победи во Супер купот на Македонија, додека Вардар беше подобар во финалето на Струшкиот турнир.