Дисциплинците на РФМ со многу работа: По тепачката во Прилеп тројца ракометари добија суспензии! (ВИДЕО)

Дисциплинската комисија во Ракометна федерација на Македонија во изминатиот период имаше полни раце работа. Тројца ракометари (двајца од Прилеп и еден од Работнички) добија суспензии до крајот на сезоната, односно забрана за настап на пет натпревари.

По физичката пресметка на дуелот меѓу Прилеп и Работнички (31-28) во рамките на 9. коло од плеј-аутот, ракометарите на домашниот тим, Хари Павлов и Синиша Павлов, како и членот на Работнички, Ален Ќосевски, беа казнети.

Тие добија суспензија од пет меча, а физичката пресметка се случи во 23 минута од натпреварот во Прилеп при еден контранапад на Работнички. Се вмешаа и двете клупи, па беа потребни пет минути да се смират страстите и судии Митревски и Тодоровски да го продолжат мечот.

Двајцата Павлови и Ќосевски, добија директни црвени, а потоа и сини картони, веќе одработија три дуели без настап, остануваат уште два, па ќе имаат право за камбек на терените од следната сезона.

Погледнете го инцидентот во Прилеп….