Динамо Букурешт го изненади Фуксе Берлин, ГОГ славеше против Татабања

На натпреварите од Лигата на Европа што се играа во првиот вечерен термин, фаворитите остварија победи со исклучок на Фуксе Берлин кој испушти победа кај Динамо Букурешт и освои само бод.

Бундеслигашот имаше постојано водство и контрола на натпреварот но во финишот дозволи противникот на израмни на 26:26 што беше конечен резултат. После првото полувреме Фуксе Берлин имаше предност 14:12, но со максимална борбеност домашниот тим стигна до бод против фаворитот.

ГОГ славеше против Татабања со 32:35 и му го нанесе третиот пораз на унгарскиот тим кој останува на последната позиција без бодови. Натпреварот беше многу неизвесен, по 30 минути Татабања имаше минимално водство од 16:17. И второто полувреме беше максимално изедначено со менување на водството, а клучни за победата беа завршните минути кога ГОГ ја обезбеди победаата.

Алингсас беше немоќен на домашен терен против Монпелје, гостите од Франција славеа 25:33, а победата ја обезбедија уште на полувремето кога имаа водство од 13:19. Во продолжението Монпелје рутински одигра за нова победа и задржување на максималниот ефект.

Адемар Леон продолжува во групата А без пораз откако триумфираше против Фајверс со 30:28. Австрискиот тим имаше само еден период во првиот дел подобро издание, а во продолжението доминираше Адемар. На полувреме беше 13:10, а во вториот дел целосна контрола имаше домашниот тим и стигна до нова победа со која проби на врвот на табелата.

ЦСКА Москва имаше лесна задача на гостувањето кај Бешикташ и славеше лесна победа 23:35. Уште по првиот дел гостите имаа убедливо водство од 11:17 и практично ја обезбедија победата.

ЛИГА НА ЕВРОПА 6. КОЛО РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

ВИСЛА ПЛОЦК – ТУЛУЗ 20:45ч.
АДЕМАР ЛЕОН – ФАЈВЕРС 30:28 (13:10)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – МЕТАЛУРГ одложено

ГРУПА Б

ДИНАМО БУКУРЕШТ – ФУКСЕ БЕРЛИН 26:26 (12:14)
ТАТРАН ПРЕШОВ – КРИСТИЈАНШТАД 20:45ч.
НИМ – СПОРТИНГ 20:45ч.

ГРУПА Ц

АЛИНГСАС – МОНПЕЛЈЕ 25:33 (13:19)
БЕШИКТАШ – ЦСКА МОСКВА 23:35 (11:17)
МАГДЕБУРГ – НЕКСЕ 20:45ч.

ГРУПА Д

ТАТАБАЊА – ГОГ 32:35 (16:17)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ТРИМО ТРЕБЊЕ 20:45ч.
КАДЕТЕН – РАЈН НЕКАР одложено