Динамо Букурешт во вториот дел потклекна пред Фленсбург

Ракометарите на Фленсбург ја остварија втората победа во Лигата на шампионите, откако на домашен терен не дозволија изненадување и славеа против Динамо Букурешт со 37-30.

Домашните имаа плус пет во првиот дел, 8-3, но упорните гости не се предаваа. Напротив се вратија во игра, дури и поведоа со 12-13, но на пауза се замина со реми, 14-14.

Во второто полувреме комплетно се распадна играта на романскиот шампион, а сите грешки беа немилосрдно казнувани од ракометарите на Фленсбург со брзи погодоци.

Најдобри стрелци кај Фленсбург беа Ване со осум и Еинарсон со седум гола, додека Буриќ и Мелер комбинираа 14 одбрани. Кај Динамо се истакна Јонеа со осум гола, а екс вардарците Гурбиндо и Дисингер дадоа еден, односно два гола, но потрошија многу топки.