Димулан останува во Нант уште една сезона

На официјалната веб страна на Нант беше објавено дека голманот на екипата Сирил Димулан го продолжи договорот за уште една сезона.

Димулан настапува во Нант од 2016 година. Тој на Светското првенство во 2019 година доживеа тешка повреда, но успеа да се опорави. Димулан го истакна задоволството што останува во Нант.

„Многу сум среќен што ја продолжив оваа авантура. Одлуката беше многу едноставна, бидејќи Нант е еден од најголемите француски и европски клубови. Имаме перспективен тим и одлични навивачи. Има сè за да бидам среќен“ , прокоментира Димулан по потпишувањето на договорот.

Исто така и претседателот на Нант, Гаел Пелетие потврди колку искусниот голман е важен за екипата.

„На 36 години, Сирил знае како да се врати на теренот по повредата на нивото на кое го познаваме. Покрај тоа, неговото искуство од играње во странство и во европски натпреварувања е секогаш непроценливо за амбициозен тим“, изјави претседателот на клубот, Гаел Пелетие.

Нант после една сезона пауза се враќа во Лигата на шампионите, а искуството на одличниот голман ќе биде од големо значење во претстојната сезона.