Димитриоски: Задоволен сум од играта на младите играчи, од натпревар во натпревар ќе бидат подобри

Металург со два порази се враќа од Полска. Тимот од Автокоманда загуби со убедливи 35-20 во вториот двобој, но прикажа подобра игра во споредба со претхдониот пат.

Тренерот Оливер Димитриоски вели дека е задоволен од играта на младите играчи на овој дуел.

„Сакам да му се заблагодарам на мојот колега од спротивната страна за одличната игра. Јас сум задоволен од моите играчи и се надевам дека од натпревар во натпревар ќе играат сè подобро. Тие сè уште се млади и мора да играат заедно долго време и како што кажав јас сум многу задоволен. Честитки уште еднаш и се надевам дека следната година Металург ќе забележи победа“, изјави Димитриоски.

Следен ривал на Металург ќе биде домашниот натпревар против рускиот првак Чеховски Медведи на 20 февруари.