Димитриоски го водеше Ваљадолид до важна победа во Асобал

Тимот на Ваљадолид забележа значајна победа во Асобал лигата во борбата за опстанок против Чисне со 33-29.

Предводен од македонскиот интернационалец Димитар Димитриоски со четири погодоци, Ваљадолид оствари гостински триумф.

Вториот Македонец во екипата на Давид Писонеро, Дарко Димитриевски, не се запиша во листата на стрелците на овој меч.

Со оваа втора победа во серија, Ваљадолид се наоѓа на 11 место со 21 бод, пет повеќе од Гвадалахара која е на 15 место што води во понизок ранг.

До крајот на сезоната во Шпанија има уште три кола, а следниот меч Ваљадолид го игра дома против Синфин Сантандер. Доколку слави ќе го потврди опстанокот во елитната конкуренција.