Диви тргна со победа, Вардар Неготино славеше над Прилеп

Новиот тренер на прволигашот Вардар Неготино, Петар Ангелов, дебитираше со триумф во новиот предизвик.

Неготинци славеа во пријателскиот натпревар против некомплетниот суперлигаш Прилеп сo 28-23.

На полувремето Вардар Неготино имаше плус еден, 16-15, а во вториот дел ја зголеми предноста и не дозволи во ниту еден момент да биде загрозена победата.

Прилепчани се подготвуваат за стартот на Суперлигата на 2 февруари, додека Вардар Неготино го чекаат стартот на пролетниот дел од Првата лига.

Треба да се одиграат уште пет кола од регуларниот дел што ќе стартува на 12 февруари, пред разигрувањето за место во суперлигашкото друштво.