Диви „полуде“ на голот, Вардар Неготино го надигра Радовиш

По поразот пред три дена, ракометарите на Вардар Неготино му се реваншираа на суперлигашот Радовиш.

Прволигашот на домашен терен беше подобар од радовишани и славеше со 30-27, откако и на полувреме имаше плус три, 16-13.

Петар Ангелов Диви по повредата на стартот на подготовките се врати на теренот и беше клучната фигура на теренот за победата на неготинци. Тој собра 20 одбрани, од кои три беа на удари од седум метри.

Избраниците на Аце Станковски на 18 септември ги очекува стартот на Првата лига, а ривалите во групите ќе ги дознаат во вторник, додека Радовиш веќе в четврток ќе го има првиот предизвик во Суперлигата на домашен терен против Струга.