Дибиров: Само победа може да ни ја крене самодовербата

По двата меча и два порази од унгарскиот ПИК Сегед, ракометарите на Вардар ги чека уште еден двомеч, овојпат против норвешкиот првак Елверум.

Левото крило Тимур Дибиров смета дека иако имаат три порази по ред, сепак се гледа напредок во играта на вардарци.

„Прво сакам да кажам дека без оглед на негативната серија од три порази по ред, се гледа дека имаме напредок во играта. Поквалитено играме, многу напредувавме од дуелите со квалитетните екипи. Неколку натпревари ги губиме со мала разлика. Нашите амбиции растат, но имаме притисок дека мора да освоиме бодови. Сега доаѓаат натпревари во кои планираме да победиме. Што се однесува до Елверум, тие играат различен ракомет од другите екипи, многу интензивен, физички, па ќе видиме како ќе одговориме на таа игра. Сигурен сум дека конечно мора да влеземе во добра серија и да ја поправиме ситуацијата. Ништо друго не може да ја дигне самодовербата како што може една победа“, вели Дибиров.

Натпреварите против Елверум се играат на 21 февруари (16:00) и 24 февруари (18:45) во СЦ „Јане Сандански“.