Дибиров: Нашата авантура сезонава почна со победата над Флензбург

Еден од ракометарите кои беа дел од сите успеси на Вардар во последните неколку години, Тимур Дибиров и пред овој натпревар верува во нов добар резултат.

Тој смета дека Вардар сега почнува со главното односно со она што се очекува од екипата и што е зацртано од пред почетокот на сезоната.

Дибиров е подготвен за нов силен дуел, а знае дека најголемата опасност утревечер ќе доаѓа од играта 7 на 6 во која Порто во последните две години се покажува во убедливо најдобро издание.

Сепак, никој не смее да заборави дека Вардар ја имаше и најдобрата одбрана за ваквата игра и затоа ќе биде добро да се види дали таа одбрана може да функционира на потребното ниво и на овој дуел.

„Нè очекува многу тежок натпревар. Се наоѓаме во интересна ситуација бидејќи успеавме да победиме многу голем и силен противник како што е Флензбург. Сега сакаме на секој натпревар да напредувамe малку по малку. Што се однесува до дуелот со Порто сакаме да потврдиме дека тоа е почеток од нашата работа за она што сакаме да го направиме сезонава. За нас е важна победата на домашен терен. Знаеме дека Порто е многу силен тим и дека нe зависат од тоа дали играат дома или на гости. Се работи за многу незгодна екипа која знае да одигра 7 на 6 и во овој дел е еден од најсилните тимови. Ние сме на добар пат, а нашата авантура сезонава почна со победата против Флензбург и може да биде уште подобро и подобро. Во Лигата на шампионите нема лесен противник. Дома излагаме со желба да играме уште подобро отколку што беше против Флензбург“, коментира Дибиров пред дуелот против Порто.

Средбата се игра утревечер од 20:45 часот и е добра можост Вардар да врзе две победи во серија во Лигата на шампионите.