Дибиров: Машки мораме да го поднесеме овој пораз

После поразот од екипата на Кил, Тимур Дибиров имаше коментар за она што беше сработено на теренот. Очигледно е разочарувањето после загубениот натпревар, но вели дека мора машки да се поднесе овој пораз.

„Не очекувавме дека ќе биде ваков резултат, но мораме машки да го примиме. Пред натопреварот реков дека сакаме да видиме до каде сме и тоа се виде на теренот. Денеска за нас навиваа сите и во сала и пред ТВ приемниците и имавме голема поддршка. Сепак, не успеавме. Во вториот дел се обидовме да направиме кам-бек, но во моментов очигледно не сме подготвени за такви работи. Доколку некој промаши една-две топки не е критично, сепак, кога ќе се промашат десетина топки тогаш нема како да се обезбеди нешто повеќе. Ландин бранеше добро, но и ние самите промашивме многу шутирајќи во статива или над голот. Ќе мораме да анализираме и да видиме што се случи на теренот“, изјави Дибиров.

Следниот натпревар ќе биде еднакво тежок како и овој бидејќи Вардар в сабота ќе гостува кај Веспрем во Унгарија.