Дибиров влезе во клубот „1000 погодоци во европските купови“

Со деветте гола постигнати синоќа во првото полувреме против тимот на Алборг, Тимур Дибиров направи голем чекор напред во кариерата и влезе во клубот 1000.

Станува збор за 1000 погодоци во европските купови со што се запиша меѓу легендите на ракометот бидејќи станува дел од великаните.

Дибиров досега има постигнато 987 гола во Лигата на шампионите, шест во Трофејот на шампионите (Супер куп на Европа) и 15 во КПК.

Практично првиот погодок синоќа му го донесе местото во клубот 1000, па во моментов има 1008 гола, а јасно е дека ќе има можност и за натамошно зголемување на бројот на голови.