Дејвис: Вардарци секогаш се борат до крај, ќе биде тешко да се игра против нив

Ракометарите на Вардар в четврток ги очекува првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против унгарскиот Веспрем.

Тренерот на гостите, Давид Дејвис, вели дека секогаш е тешко да се игра против Вардар.

„Вардар е двократен европски првак. Секогаш е тешко да се игра против нив, дури и да се седми во групата. Имаат некои проблеми, што сите тимови ги имаат. Можеби не направија добар резултат, но беа конкурентни на сите тимови. Само од Келце беа поразени со поголема разлика. Мора да бидеме внимателни и подготвени за борба, бидејќи Вардар секогаш се бори до крајот. Вардар не е најпосакуваниот ривал што можевме да го добиеме за оваа фаза, и мора да играме најдобро, ако сакаме да одиме чекор напред“, вели Дејвис.

Натпреварот меѓу Вардар и Веспрем се игра в четврток во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот.