Дејан Периќ ќе ги тренира голманите на Вардар и во новата сезона

Тренерот на голманите на Вардар, Дејан Периќ ја продолжува соработката со „црвено-црните“ и во следната сезона. Тој останува и во новиот стручен штаб на Стевче Алушовски каде што ќе биде дел заедно со Владо Недановски.

И во новата сезона Периќ ќе има иста задача односно ќе продолжи да ги тренира голманите на „црвено-црните“. Постои задоволство од неговата работа така што ќе има можност за уште една сезона да биде дел од шампионот на Македонија и сè уште актуелен освојувач на Лигата на шампионите.

Периќ дојде во редовите на Вардар во 2018 година. Беше вклучен во стручниот штаб на Роберто Гарсија Парондо, а потоа работеше и со Давид Писонеро, Едуард Кокшаров и Стевче Алушовски сезонава бидејќи се менуваа тренерите неколкупати поради лошите резултати.