„Детали ме делат од нов потпис за Вардар“

По две години минати во Скопје, хрватскиот репрезентативец Анте Гаџа, се чини дека ќе го продолжи престојот во Вардар.

Беше објавено дека договор со македонскиот првак веќе е потпишан, но бекот потенцира дека уште ништо не е официјално.

„Да, излезе информација дека сум потпишал, но тоа не е вистина. Точно е дека сум во преговори, имавме состанок со Михајловски и многу брзо ќе се знае сè. Голема е веројатноста дека ќе останам во Скопје, уште неколку детали не делат од нов потпис“, вели Анте Гаџа.

Во продолжение прочитајте го интервјуто со Анте Гаџа…

ИНТЕРВЈУ АНТЕ ГАЏА: Целиме високо, за да стигнеме далеку!