Десподовска продолжува да ги полни головите во Полска

Интернационалката од Македонија, која игра за тимот на Кобиржице продолжува во ист ритам со одлични игри за својот тим и ги води колешките кон нови победи. Нејзиниот тим како гост победи со 22:20 против составот на Кошалин со што се наоѓа на второто место во најсилната лига на Полска.

Десподовска уште еднаш беше прогласена за играч на натпреварот откако постигна девет погодоци со кои беше далеку најефикасната ракометарка на теренот.

Таа доминираше во нападот на својот тим и имаше нова одлична партија што е веќе во серија така што само става до знаење дека во моментов е една од најдобрите ракометарки во шампионатот на Полска.

За нејзината добра игра доби и награда после натпреварот, а ова е најава дека и во ова коло може да биде одново во тимот на колото.