Десподовска и Кобиержице им се вратија на победите

Иако имаа одличен старт во полскиот шампионат со четири победи, Зорица Десподовска и нејзиниот Кобиержице влегоа во негативна серија од четири меча без триумф.

Сепак таа серија беше прекината на гостувањето кај составот на Старт Елблаг. Кобиержице славеше на незгодното гостување со убедливи 20-33.

На овој натпревар македонската интернационалка успеа три пати да ја затресе мрежата на противникот.

Ова беше петти триумф за Кобиержице, што е доволно за трето место на табелата зад Заглебле и Лублин, а следен предизвик за Десподовска и нејзиниот тим ќе биде домашниот меч со Келце.