Десподовска ги полни мрежите, игра во репрезентативна форма

Интернационалката од Македонија, Зорица Десподовска од стартот на оваа сезона игра во одлична форма, а откако во минатото коло беше во изборот за ракометарка на колото во првенството на Полска сега беше клучната ракометарка во победата на Гмини Кобирзице.

Нејзиниот тим дојде до победа од 27:16 против Еуробуд, а Десподовска имаше огромен придонес.

Со седум погодоци Зорица беше најефикасната ракометарка кај победникот со седум гола од кои еден беше од линијата од седум метри.

Оваа добра форма на Десподовска е знак дека можеби треба да биде одново дел и од репрезентацијата на Македонија. Секако со своето искуство може да биде од голема помош за квалификациите кои следуваат за околу еден месец.